Средбата на Меган и Бијонсе сепак била напната, пејачката го прекрши правилото дека кралското семејство последно доаѓа

2362
Photo: EPA/VICKIE FLORES
Photo: EPA/VICKIE FLORES

Војвотката од Сасекс Меган Маркл и пејачката Бијонсе конечно се сретнаа очи в очи. На премиерата на филмот „Кралот на лавовите“ во Лондон првпат се запознаа и пред камерите се прегрнаа како да се знаат со години.

Меѓутоа, британските медиуми објавуваат детали од бекстејџот тврдејќи дека не било толку идеално. Додека се прегрнуваа и бакнуваа пред камерите, позади сцената владеела напнатост, а атмосферата ја подгреале советниците на Меган Маркл и принцот Хари. Тие не биле воодушевени од тоа што познатиот „шоубиз“ пар, Бијонсе и Џеј Зи, доцнат на премиерата односно тоа што пристигнале после претставниците на кралското семејство, што според протоколите е забрането.

Токму поради тоа и атмосферата била напната.

Инсајдер за британските медиуми открил дека причината било тоа што се скинал долгиот фустан во златна боја на Бијонсе и таа не сакала да облече нешто друго. Затоа, чекале во хотелот во Лондон да дојде шивачка и да го поправи.

Пејачката и нејзиниот сопруг задоцнија на премиерата дури 90 минути.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...