Златниот медал го освои домашен натпреварувач, кој според македонската експедиција во Италија, послабо ги извеел катите од нашиот репрезентативец.
– Италијанецот за неколку класи послабо од Дејан ги изработи катите. Тоа беше очигледно за целата публика и јавност која го следеше финалето. Дејан Недев за класи беше подобар во изведбите на катите (поцврст, поексплозивен, поенергичен) од победникот кој судиите буквално му ја подарија победата и златниот медал на домашниот натпреварувач – информираа од МТКФ.