Србија ќе има милионски загуби поради драконските царини на Косово

Податоците на Стопанската комора на Србија покажуваат дека вкупниот промет на стоки со Косово во 2017 година изнесувал 464,1 милион евра.

316

Србија би можела да претрпи штета од околу 22 милиони евра поради зголемувањето на царините на 100 отсто на стоката која ја пласира на косовските пазари, како и поради инсистирањето на приштинските власти на декларациите да пишува „Република Косово“, поради што трговијата е целосно блокирана, наведува српски „Блиц“.

Весникот наведува дека станува збор за груба пресметка на експертите, кои оценуваат дека доколку вака се предолжи, до крајот на годината извозот на стока од Србија во Косово би бил за пет отсто помал во однос на минатата година.

„Податоците на Стопанската комора на Србија покажуваат дека вкупниот промет на стоки со Косово во 2017 година изнесувал 464,1 милион евра. Ако блокадата на прометотѕ со Косово продолжи до крајот на годината, а со оглед на падот на извозот за пет отсто, трговијата ќе изнесува само 420 милиони ева. Доколку се земе предвид дека секоја година прометот меѓу Србија и Косово се заголемува за околу пет отсто и оти се очекувало дека до крајот на 2018 година ќе изнесува околу 500 милиони евра, загубите се многу поголеми, односно станува збор за најмалку 80 милиони евра“, наведува „Блиц“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...