Српски цариници на граничниот премин Батровци на 9 февруари откриле седуммина мигранти скриени во камион ладилник, на минус 22 степени, соопшти денеска Царинската управа на Србија.
Мигрантите се откриени благодарејќи на царинскиот скенер, кој во товарот детектирал човекови силуети. Службениците веднаш го отвориле товарот на камионот, кој од Косово превезувал смрзнати малини за германскиот пазар и во него пронашле седуммина млади Авганистанци.
Од Царинската управа наведуваат дека во првите 45 дена од годината спречиле повеќе од 150 мигранти илегално, сокриени во приколку на камиони, да ја минат границата.