Србија со 3-1 во сетови ја победи Словенија во големото финале на европското одбојкарско првенство и по трет пат ја освои континенталната круна
Србија владее во одбојката, кратко откако девојките станаа европски шампиони, истиот успех го направи и нивната машка селекција.
Малкумина ја ставаа Србија во главните фаворити за златниот медал, но тие со девет победи од девет натпревари дојдоа до првото место.
Денешното финале одлично почна за Словенија, тие го добија првиот сет со 25:19, но потоа им се случи вистински дебакл.
Наредните три сета ги доби селекцијата на Србија, а Словенија на ниту еден од нив не ја премина границата од 20 поени, 25:16, 25:18 и 25:19.
На крајот Србија сосема заслужено се радуваше на големиот европски трофеј кој го освојува по трет пат во својата историја.