Србија добива ЛГБТ серија

362
ФОТО: Лука Шарац / Курир.рс

Во Србија се снимаат или монтираат повеќе од 25 серии, а по пример на американскиот канал Ејч-Би-О, наскоро и во оваа земја ќе се гледа серија со геј лице во главна улога.

Авторскиот тим на хумористичната серија со наслов „Теретана“ го сочинуваат актерите Радован Вујовиќ, Иван Зекиќ и Александар Радојичиќ, а еден од главните јунаци во нивната приказна е хомосексуалец. Меѓу актерите кои ќе глумат во серијата се Јаков Јевтовиќ, Бранислав Зеремски, Виктор Савиќ, младата талентирана балерина и глумица Александра Коларов, Милена Радуловиќ и Никола Ранѓеловиќ.

Веќе е снимена првата епизода, а првата сезона би требало да има 24 продолженија. Протагонист е Миланче (Александар Радојичиќ), кој се обидува пропаднатата теретана да ја подигне на нозе.

Иван Зекиќ во „Теретана“ ќе го видиме во потполно друго издание, пишува „Курир.рс“. Неговиот јунак, господин Рендулиќ, не е класичен бодибилдер, ами талентиран и успешен уметник.

– Мојот јунак е хомосексуалец и најверојатно ќе биде моден дизајнер. Допадлив е, креативен, луд и урнебесен лик, многу интересен за играње – открил актерот за „Новости“.

„Курир.рс“ го побарале геј активистот Предраг Аздејковиќ да го прокоментира овој чекор.

– Ме израдува информацијата дека се снима серија „Теретана“, бидејќи многумина велат дека теретаните се денеска храмови за геј момчињата. Сите за грижат за своето тело, така да сосем нормално е во серијата да има и геј лик. Навистина, јас повеќе би сакал геј ликот да го глуми Радојичиќ, но и со ова сум задоволен. Едвај ја чекам есента и новата серија за гледање. Се повеќе српски серии имаат ЛГБТ ликови и тоа е за пофалба – истакнал Аздејковиќ.

ФОТО: Лука Шарац / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...