Србија, Грција, Бугарија и Романија дадоа заедничката кандидатура за ЕП 2028 и СП 2030

Во соопштение за медиумите, се истакнува дека оваа иницијатива е потврда на развиените односи на четирите држави, како и дека претставува позитивен предизвик кој ќе придонесе за регионален напредок на сите полиња.

134

Министрите за спорт на Србија, Грција, Бугарија и Романија ја потврдија заедничката кандидатура за организација на Европското фудбалско првенство 2028 и на Светското првенство 2030 година.

На средбата, министерот за млади и спорт на Србија, Вања Удовичиќ, на Бугарија Красен Кралев, на Романија Константин Богдан Матеј и заменикот-министер за култура и спорт на Грција, Јоргос Василијадис, официјално потврдија дека четирите држави поднеле заедничка кандидатура за организација на овие две натпреварувања.

Во соопштение за медиумите, се истакнува дека оваа иницијатива е потврда на развиените односи на четирите држави, како и дека претставува позитивен предизвик кој ќе придонесе за регионален напредок на сите полиња.

„Тоа ќе покаже многу позитивно влијание врз понатамошниот развој и популаризација на фудбалот и спортот во нашите заедници, додека одлуката за одржување на едно од овие првенства на Балканот ќе донесе позитивно влијание и врз другите области како што се инфраструктурата, туризмот, економијата, културата и технолошкиот развој на земјите – кандидати“, соопшти српското министерство.

Со разгледување на организацијата на Европското и Светското првенство во фудбал, министрите истакнале дека овој модел на соработка во иднина може да се примени и во други настани од областа на спортот и проекти посветени на младите од двете земји, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...