Србија воведе вонредна одбрана од поплави, евакуирани 297 лица

Вонредна состојба е прогласена во 12 општини, при што меѓу најзагрозените подрачја се Краљево, Книќ, Трстеник, Врњачка бања.

140

По обилните дождови, вонредна одбрана од поплави е воведена на целата територија на Србија. Евакуирани се 297 лица, а оштетена е и дел од патната инфраструктура.

Вонредна состојба е прогласена во 12 општини, при што меѓу најзагрозените подрачја се Краљево, Книќ, Трстеник, Врњачка бања.

Водостојот на реката Сава ќе биде во пораст, а во следните два дена се очекуваат врнежи со помал интензитет.

Заменикот началник на Секторот за вонредни ситуации Бобан Стевановиќ за РТС изјави дека реките се повлекуваат, но оти сега претстои работа за луѓето да можат да се вратат во своите домови.

Војската на Србија соопшти дека е подготвена веднаш да реагира во случај на повик од Секторот за вонредни ситуации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...