Педесет и тригодишник е уапсен во српско село поради сомнение дека пред семејниот дом ја задавил 35-годишната сопруга.
Убиената имала седум деца од претходниот брак, кои живеат кај нејзиниот поранешен сопруг, пренесуваат српските медиуми.
Неофицијално, љубомората е најверојатно мотив за ова злосторство.
Претходно немало пријави за насилство во семејството.
Истрагата е во тек.