Педесет и тригодишен Србин се обидел да ја задави 49-годишната сопругата со јаже, а откако помислил дека успеал, се обесил во шупата зад својот дом.
Тоа се случило по расправија претходната ноќ.
-Често се расправаа во последно време. Неговата депресија отежнуваше уште толку. Неодамна беше на лечење, но неговата состојба не се подобри. Поради љубомора често правеше сцени, па претпоставувам дека и сега тоа било причината – изјавил роднина на сопружниците.
Тој се обидел да ја задави со јаже. Додека ја стегал, таа паднала, си ја удрила главата од подот и се онесвестила. Напаѓачот помислил дека ја убил, отишол во шупата и се обесил.
Кога неговата сопруга се освестила, исплашено избегала од куќата.
Тоа што јавноста дополнително ја шокирало, било местото каде што е пронајдено телото.
-Во истата шупа се обеси и неговиот чичко пред неколку години. Иста судбина ја имаше и неговиот братучед, кој се обеси во дворот – рекол изворот.
Според неговите зборови, парот имал две ќерки, една средношкола, а една седмо одделение. Не се знаело дали тие биле дома за време на немилиот настан.