Србин ѕверски ја претепал девојката, сега зад решетки стравува за својот живот

614
ФОТО: Принтскрин

Дваесет и четиригодишниот Ѓорѓе Лацковиќ, кој е осомничен дека ѕверски ја претепал својата девојка, барал да го сместат во самица. Тој наводно се плашел оти може да го претепаат до смрт.

Штом го ставиле зад решетки, притвореници му се заканувале дека „ќе го убијат од ќотек“.

Во притворот веднаш се дознало оти Лацковиќ е осомничен дека и ги скршил ребрата на својата девојка, со нож и ги унаказил колковите и со пегла ја горел по телото. Тоа се случило откако тој се посомневал дека таа го изневерува.

– Знае дека притворениците не им опростуваат на монструмите кои тепаат жени. Штом му одредија притвор до 30 дена, бараше самица – рекол извор за „Курир.рс“.

Доктор Дијана Лазиќ Пушкаш, невропсихијатар и судски вештак, вели дека насилникот уживал во мачење на жртвата.

– Интересно е тоа дека секогаш се културни и фини, никогаш не покажуваат бес. Ако родителите на оваа девојка и рекле да се врати дома, а другарката и предложила да се пресели кај неа, значи таа била исплашена и не смеела да го остави. Преживеала голема траума и тешко ќе се опорави. Ќе научи да живее со тоа, траумата ќе избледне со текот на времето, но никогаш нема да ја заборави – изјавила докторката за медиумот.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...