Четириесет и двегодишник од Србија бил уапсен во италијанскиот град Комо откако во средата вечерта со нож нападнал семејство кое се шетало крај езерото.
– Таткото веднаш се обиде да ги заштити сопругата и двете ќерки. Тој човек го доближуваше ножот до нивните лица, се закануваше. Луѓето наоколу почнаа да паничат и да бегаат – рекол очевидец.
Веднаш реагирала полицијата, а напаѓачот го ставил ножот в џеб и тргнал да се пресмета и со нив.
– Србинот пружеше неверојатен отпор. Ги шутираше и ги гризаше полицајците. Одбиваше да дозволи да му земат отисок од прсти, а кај себе немаше никаков документ – додал изворот за тамошните медиуми.
Мотивот за нападот не е познат.