Триесет и петгодишниот Дејан Шатри, кој имал психички проблеми, е осомничен дека го искасапил 64-годишниот Агим Шатри, по расправија. На инспекторите им објаснил дека излегол надвор, ја земал косата и го удрил татко си.
Наводно, злосторството го извршил поради расправија за кафе.
– Дејан има психички проблеми. Во понеделникот му рекол на татко си дека му се пие кафе и барал да си направи. Агим не му дозволил, бидејќи Дејан пие повеќе пати на ден, па сметал дека било премногу. Поради тоа се расправаа – рекол извор за Курир.рс.
Мртвиот Агим го пронашла сопругата, мајката на осомничениот.
– Ми рече да му направам кафе и ќе ми каже што се случило. Не знаеше да објасни што го изнервирало. Од бомбардирање има проблеми. Се исплаши кога фрлаа бомби. Го носевме кај лекар, пиеше лекови – рекла таа.
За сопругот кажала дека до пред пет години бил добар, но потоа добил шеќер и се променил.
– Насилен беше. Се караше и се закануваше. Знаеше и да ме натепа и да ми се заканува дека ќе ме убие. Го пријавив насилството и лежеше в затвор две години. Лани беше пуштен. Инвалид беше, десната нога му беше отсечена, а подоцна и бубрезите му оболеа. Беше страшно нервозен – кажала мајката, додавајќи дека Агим не дозволувал таа да работи.
Роднините и соседите кажале дека целиот крај знаел дека Дејан има проблеми.
– Неговите родители, покрај Дејан, имаат уште еден син. Но, Дејан му беше миленик на Агим. Не сакаше да го остави во болница. Тешко ја поднесуваше болеста на син му и на сите му зборуваше дека тој е паметен човек – рекол соседот.
ФОТО: Курир.рс