Србин пукал во својот син на плажа во Ханиоти

3443

Момче (21) од Србија било хоспитализирано во болница во Полигирос, откако неговиот татко, исто така Србин, пукал во него во Ханиоти, Грција. Во извештајот на локалната полиција пишува дека 39-годишниот маж пукал во својот син, кој во тој момент бил на одмор со својата мајка во Грција.

Таткото и мајката биле разведени, а кај таткото била пронајдена и помала количина на кокаин, пренесуваат грчките медиуми.

Тие случајно се сретнале околу 13 часот вчера во туристичкото место. На пукањето му претходела расправија, а кај мажот била пронајдена и мала количина на кокаин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...