Србин осуден на 16 години робија, за да плати струја нудел малолетничка на пријатели

563

Апелациониот суд во Ниш ја потврдил пресудата за 72-годишникот, кој од 2013 до февруари 2018 година ја терал на сексуални односи својата 15-годишна поќерка.

Тој прв пат ја обљубил кога имала само девет години, а потоа, главно да плати сметки за струја, им ја нудел и на други лица.

Девојката побегнала во февруари минатата година и го пријавила случајот во полиција.

Седумдесет и двегодишник од Зајечар, кому монструмот му ја нудел својата поќерка за да плати сметка за струја од 11.000 српски динари, веднаш го признал делото и добил казна затвор од година дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...