Педесет и седумгодишен маж од Белград добил инфаркт во шума за време на сексуален однос со 60-годишна жена во автомобил. Причината за смртта била прекумерна доза на препарати за потенција, пренесува „Курир.рс“.
Трагедијата се случила пред неколку дена, околу два часот наутро.
– Мажот и жената планирале да имаат сексуален однос во автомобилот, па тој посегнал по лековите за потенција „вијагра“, кои ги носел со себе. Зел една таблета, но бидејќи не делувала веднаш, одлучил да земе уште две, иако на упатството јасно е назначено дека дејството на таблетите почнува дури за половина час – рекол за медиумот добро известен извор.
Меѓутоа, штом почнале со сексуалниот однос, на несреќниот човек му се слошило.
– Прекумерната доза предизвикала толку јак срцев удар, па тој веднаш починал. Жената веднаш повикала Брза помош. Лекарите пробале да го вратат во живот, но залудно – додал соговорникот.
Телото било однесено на обдукција, која ја потврдила причината за смртта.
– Станува збор за човек кој е разделен од сопругата. Полицајците морале да му се јават на семејството за да го известат. Меѓутоа, кога контактирале со децата на починатиот и ги замолиле да дојдат по возилото, тие одговориле дека не им е гајле за него, а ни за автомобилот, штом слушнале од што починал и во какви околности – навел изворот за медиумот.
Сличен случај имало пред три години, кога при секс со сосетката, 68-годишен пензионер починал, пренесоа тогаш босанските медиуми. Истрагата покажала дека пред да престане да му работи срцето, тој испил „вијагра“, па отишол кај сосетката.