Дваесет и четиригодишниот Александар Љубеновиќ од Кучево е осуден на осум години затвор поради убиство на својот 38-годишен татко, пренесува „Курир.рс“.
Злосторството се случило на 21 мај 2013 година, а во криење на убиството учествувало целото семејство.
Во текот на истрагата за убиството биле сослушани повеќе сведоци и сите членови на семејството на обвинетиот. Било извршено и нивно психијатриско вештачење.
Убиениот земал кокаин во комбинација со алкохол, земал и стероиди за да си ја зголеми мускулната маса, бидејќи сакал боди-билдинг. Тој бил познат како насилник, а најмногу ги малтретирал децата и сопругата.
Александар признал дека го убил својот татко и раскажал детално како се случило.
Како што рекол, се одлучил на тој чекор кога се вратил дома и дознал дека таткото повторно ја малтретирал неговата мајка. Од помладиот брат го земал пиштолот кој бил набавен од негов пријател, влегол во собата каде што спиел таткото и му пукал во слепоочницата.
Потоа со мајката го земале телото и го ставиле во гепекот од нејзиниот „мерцедес“.
Наредниот ден, со помош на двајца соседи, на кои им рекле дека закопуваат заразена свиња, отишле на нивата и го закопале.
Кога било откриено дека Среќко е убиен, најпрво се сомничела сопругата. Таа кажала дека нејзиниот сопруг е отиден на работа во странство. Откако била уапсена, на сослушувањето признала дека нејзиниот постар син го извршил убиството.
ФОТО: Фејсбук / Курир.рс