Србинот Милорад Мажиќ ќе го суди финалето на Лигата на Шампионите

Најдобриот српски судија, Милорад Мажиќ, е избран да ја дели правдата во финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, соопшти УЕФА .

218

Најдобриот српски судија, Милорад Мажиќ, е избран да ја дели правдата во финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, соопшти УЕФА .

Мажиќ ја доби најголемата доверба од европската фудбалска централа, заедно со првите асистенти Милован Ристиќ, Далибор Ѓурѓевиќ и судиите зад голот – Ненад Ѓокиќ и Данило Грујиќ. За четврти арбитрар беше избран Французинот Клемен Турпан.

За Мажиќ, финалето на Лигата на шампионите ќе биде најголемиот натпревар во неговата кариера, откако претходно го судеше Суперкупот меѓу Реал Мадрид – Севиља и финалето на Купот на конфедерациите меѓу Германија и Чиле, и ќе биде многу веројатен кандидат за делење на правдата во финалето на претстојниот Мундијал во Русија.

Финалето на Олимпискиот стадион во Киев ќе се одигра на 26 мај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...