Србинот кој си го уби бебето: Имам 23 години, дајте ми шанса повторно да имам семејство

3108
ФОТО: Фејсбук / Курир.рс

Ферди Јашари, кој во ноември ја уби својата петмесечна ќерка, признал дека го претепал бебето бидејќи го нервирало неговото плачење.

– Го изгубив најмилото, тоа што најмногу го сакав. Виновен сум. Жал ми е, се каам, доживотно ќе паметам што сторив. Да можам сам себеси би си дал доживотна казна. Но сепак, не го сакав тоа, не сум таков човек, не сум убиец. Ве молам за што поблага казна, имам 23 години, дајте ми шанса повторно да имам дете и да имам семејство – со овие зборови се обратил Јашари во судот во Белград, пренесува „Курир.рс“.

ФОТО: Фејсбук / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...