СП 2019: Хрватска ја победи Франција, Норвешка убедлива против Унгарија

186

Репрезентацијата на Хрватска ја победи Франција со 23-20 (11-11) и го освои третото место во групата, со што обезбеди учество во квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во 2020 година.

За Французите овој меч немаше големо значење, откако веќе обезбедија пласман во полуфиналето на Светското првенство.

По изедначеното прво полувреме, во вториот дел Хрватите покажаа подобра игра од противникот и дојдоа до најголемата предност на натпреварот од +4 (16-20), која успеаја да ја задржат до крајот.

Хорват со седум гола беше најпрецизен за тимот на Лино Червар, додека Мандиќ заврши со четири гола. Кај Французите, Ричардсон реализираше пет гола.

Норвешка пак оствари убедлива победа против Унгарија со 35-26 (16-13), но вечерва ќе навиваат за домаќинот Данска во дуелот со Шведска, за да се надеваат на пласман во полуфиналето на Мундијалот.

Скандинавскиот тим одигра силен натпревар и не ја доведе во прашање победата, додека Унгарците во целиот дуел се обидуваа да фатат приклучок.

Со поразот, Унгарија ги изгуби шансите да се бори за квалификациите за ЛОИ 2020-та.

Јондал со седум погодоци ги предводеше победниците, додека кај поразениот тим Балох реализираше цели 11 гола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...