СП 2018: Навивачи втрчаа на терен за време на финалето

180

На почетокот на второто полувреме од финалето на Светското првенство во Русија, на стадионот „Лужники“ имаше инцидент што не го очекуваше никој,  особено кога до последниот мундијалски ден во Русија беше организирано се речиси на беспрекорен начин.

Во 52. минута четворица навивачи втрчаа на теренот и на кусо го прекинаа мечот, а брзата реакција на редарите спречија посериозен инцидент.

На 15-ина минути пред крајот на финалето Франција има водство против Хрватска со 4:2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...