СП 2018: Калиниќ најголем пораз за селекторот Далиќ

Хрватска се пласира во четвртфиналето на Мундијалот каде в сабота (7 јули) ќе игра со домаќинот Русија.

398

Осврнувајќи се на досегашниот тек на Светското фудбалско првенство, селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, го посочи случајот со Никола Калиниќ како негов најголем пораз.

Далиќ го врати Калиниќ дома уште по првото коло, бидејќи тој одби да влезе на средбата со Нигерија пред крајот на мечот, објавија тогаш хрватските медиуми, додека верзијата на стручниот штаб беше повреда на фудбалерот.

– Ситуацијата со него е мој пораз. Но, јас сметам дека направив се што е можно од моја страна и затоа сум целосно мирен. Далеку о дтоа дека сум среќен и задоволен, бидејќи таков играч ни недостасува концепциски. Да беше тука сигурно ќе играше, соопшти Далиќ.

Хрватска се пласира во четвртфиналето на Мундијалот каде в сабота (7 јули) ќе игра со домаќинот Русија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...