Франција е првиот финалист на Мундијалот во Русија, а победата во полуфиналето над Белгија беше причина илјадници навивачи на „триколорите“ да излезат и да прослават на најпозната улица во Париз.
На „Шанзелизе“ се пееше, имаше огномети, се славеше до доцната во ноќта. Но за жал прославата се претвори во безредие.
Агенциите јавуваат дека биле фрлани ракети, палени се бакљи и дошло до судар со полицијата. Навивачите на силите на редот фрлале камења, шишиња и бакљи, а судирот траел неколку часа.
На крајот полицијата употребила солзавец, а биле ангажирани сите полициски сили на Париз кои биле на располагање. но, ниту тоа не било доволно да се смират насилните навивачи кои главните париски улици ги претвориле во бојно поле, пренесува Би0Би0Си.
.
Франција се пласираше во финалето на Светското првенство за прв пат од 2006 година.
Противник во дуелот за трофејот в недела ќе им биде поуспешниот од вечерашното полуфинале меѓу Хрватска и Англија.
ФОТО: Јутјуб