СП 2018: Британската полиција во акција, конфискува пасоши на навивачи хулигани

Пред Светското првенство низ целата земја беше спроведена акција за одземање на пасоши на оние фанови кои правеле проблеми во текот на претходните турнири.

78

Повеќе од 1.300 Британци добија забрана за посета на натпревари на Светското првенство во 2018 година како резултат на негативното минато, објавија тамошните медиуми.

Точно 1.312 луѓе беа принудени да ги предадат своите пасоши во полиција по наредба на властите.

– Пред Светското првенство низ целата земја беше спроведена акција за одземање на пасоши на оние фанови кои правеле проблеми во текот на претходните турнири. Оваа ефективна мерка ќе овозможи патување во Русија само на вистински навивачи на англиската репрезентација кои ќе уживаат на Мундијалот, соопшти британската полиција.

Англија во групната фаза на Светското првенство ќе игра во групата Г против Тунис тимови, Панама и Белгија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...