Спречен терористички напад, ќе настрадаа Путин, Вучиќ и Нетанјаху

Руските сили за безбедност уапсиле 26 терористи кои сакале да извршат терористички напад на маршот на „Бесмртниот полк“ во текот на прославата на Денот на победата во Москва.

4363

Руските сили за безбедност уапсиле 26 терористи кои сакале да извршат терористички напад на маршот на „Бесмртниот полк“ во текот на прославата на Денот на победата во Москва на 9 мај, изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија, Олег Сиромолотов. На чело на „Бесмртниот полк“ се наоѓаа претседателот на Русија Владимир Путин, претседателот на Србија Александар Вучиќ и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Неколку групи се уапсени поради планирање на напади во Москва. Тие веќе имале подготвено оружје за таа акција – изјави Сиромолотов денес во интервју за ТАСС.

Сиромолотов открил и дека тие групи дошле од Сибир, од местото Нов Уренгој, каде се извршени 17 претреси и уапсени 20 осомничени.

– Анализите покажаа дека тие примале пари од Турција, Потоа им влеговме во трагата која беше во правец на Сибир – заклучи заменик шефот на рускатадипломатија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...