Полицијата спречи илегален влез во Македонија од Србија на 121 мигрант кај граничната линија на потегот од Миратовачки пат (село Лојане) до автопатот од 18. месецов до денеска.
Од нив 112 биле од Иран, шест од Авганистан, а тројца од Индија.
Активностите се спроведени од полициски службеници од Полициската станица за за граничен надзор „Сопот“.