Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе се движи од четири до 10 степени, а максималната од 16 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од осум до 20 степени.