По помалку од една година љубов, холивудскиот актер Николас Кејџ побарал дозвола за брак во Лас Вегас, за да се венча со младата девојка Ерика Коикe.
Изгледа дека 55-годишниот актер е подготвен за четвртиот брак.
Да потсетиме, двојката првпат е видена заедно во мај, 2018 година во Порторико, каде тој снимал филм. Шминкерката и актерот оттогаш неколкупати се видени заедно во јавноста, бидејќи настојуваат својата врска да ја држат подалеку од љубопитните очи на јавноста.
Деталите за венчавката не се знаат, но се знае дека таа дозвола трае една година од одобрувањето.
Кејџ има три брака зад себе. Со првата сопруга, Патриша Аркет бил во брак од 1995 до 2001 година. Потоа, со Лиса Мари Присли, ќерката на легендарниот Елвис Присли, се венчал во 2002 година, а се развел само три месеци подоцна, но разводот бил финализиран дури во 2004 година.
Со Алис Ким издржал најдолго – од 2004 до 2016 година. Алис ја запознал во еден бар во кој таа работела како келнерка, а двојката го добила синот Кал-Ел во 2005 година.
Актерот има уште еден син, Вестон, со поранешната девојка Кристина Фултон, со која бил во 1998 година.
За идната сопруга на актерот не се знае многу, но обожавателите се надеваат дека ова ќе му биде четврта среќа.