Измените во Кривичниот законик со кои се интервенира во членот за злоупотреба на службената должност, кој беше ставен на дневен ред на денешната пленарна седница е повлечен во последен момент пред почетокот на седницата. Повлекувањето наводно е поради некаква грешка, но според неофицијалните информации, притисокот дошол од странските амбасади во земјава. Тие остро реагирале на можноста што се отвора со овие измени амнестијата по заобиколен пат да се прошири и на случаите кои произлегуваат од прислушуваните телефонски разговори и предметите што ги води Специјалното јавно обвинителство.
Извор: „Слободен печат“