Според очевидците, жена без дозвола го прегазила детето во Ѓорче Петров

3992

Автомобилот „опел астра“, со кој во неделата бил прегазен десетгодишникот на улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров, го управувала жена без возачка дозвола, а по несреќата на нејзиното место седнал сопругот-полицаец, дознава „Нетпрес“.

Според очевидци на несреќата, затоа ниту сообраќајците не го направиле увидот според правилата за да го заштитат колегата. Сопружниците наводно го преместиле автомобилот од местото каде што се случила сообраќајката, што е спротивно на Законот за безбедност во сообраќајот, па и полицајците на увид вршеле мерења на погрешно место, што предизвикало револт кај очевидците. Дознаваме дека во меѓувреме биле сменети браниците на возилото, пишува порталот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...