Најголемата аргентинска фудбалска ѕвезда Лионел Меси, не го вклучи најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо, на листата на најдобрите играчи на Светското првенство 2018 година.
– Бразил ги има Нејмар и Филип Кутињо. Шпанија ги има Андрес Иниеста и Дејвид Силва. Германија нема играчи-ѕвезди, но сите тие се силни. Белгија може да смета на Еден Азар и Кевин Де Брејн. Најдобрите играчи на француската репрезентација се Антоан Гриман и Килјан Мбапа. На овој турнир ќе видиме многу добри играчи – одговори Меси на прашањето кои се најдобрите на Мундијалот 2018.
Светското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули во 11 градови во Русија.
ФОТО: EPA/Alejandro Garcia