Според ВМО, 2018 е четврта најтопла година

144

Тековнава 2018 е четвртата најтопла година од почетокот на мерењата на температурите кон средината на 19-от век, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (ВМО).

Агенцијата на ОН посочува дека во последниве четири години се измерени четирите највисоки просечни годишни температури, додавајќи дека 20-те најтопли години во изминативе век и половина се регистирани во изминативе 22 години.

ВМО предвидува дека во следните три месеци постои веројатност од 75 до 80 проценти за појава на метеоролошкиот феномен „Ел Нињо“.

Овој феномен се јавува на секои неколку години и се манифестира со промени во температурите на површината на Тихиот Океан, што резултира со сушни периоди во тропските региони и со намалување на способноста на шумите да го апсорбираат јаглерод диоксидот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...