Според Ахмети, новиот обвинител треба да го избира Судскиот совет

722

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, нема предлог кој треба да застане на чело на новото Обвинителство за криминал и висока корупција. Според него, новиот обвинител треба да биде избран од Судскиот совет, а не да биде странец, објави ТВ 21.

– Земјата нема потреба да позајмува или себеси да се претвора во протекторат, бидејќи работите и процесите во земјата отидоа толку далеку што веќе сме член на НАТО и сме во пресрет на отворање на преговорите за во ЕУ. Нашата земја има капацитет и е добро организирана како во областа на правосудството, така и во законодавната и извршната власт – изјави Ахмети.

Ахмети смета дека Македонија не треба да го отвора прашањето за промена на изборните единици, бидејќи, како што рече, станува збор за недоработено прашање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...