Спомен куќата на Мајка Тереза ќе почне со подготовки за доаѓањето на Светиот Отец папата Франциск во родниот град на Мајка Тереза, рече Ариан Асланај директор на Спомен куќата, на потпишување то на меморандумот за соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Р Македонија.
Асланај и директорот на Институтот, Скендер Асани ги најавија првите заеднички проекти.
Во 2019 год. се планира одбележување на 100 години од смртта на Никола Кољ Бојаџиу (таткото на Мајка Тереза), промоција на вториот том од книгата „Албански католички семејства од Скопје“ како и истражување на оригинални писма напишани од Мајка Тереза на албански јазик.