Спирс повторно мета на критики, „требало да ги донираш парите на сиромашни, наместо да се фалиш“

534

Бритни Спирс се пофали на Инстаграм со своите не така нови „Лубутин“ чевли и, по којзнае кој пат, повторно предизвика серија гневни реакции на јавноста. Самиот придружен коментар беше повод за сѐ тоа.

– Пред четири години, го купив мојот прв пар чевли од Кристијан Лубутин, од змиска кожа, кои чинеа 6.000 долари. ПС: Никогаш не ги облеков – напиша Бритни.

Некои следачи го протолкуваа ова како расипништво… „Требало да ги донираш парите на сиромашни, наместо да се фалиш додека просечните жени не можат да скрпат крај со крај”, „Можеш да ми ги испратиш мене, јас ќе ги продадам и ќе обезбедам ручек за целиот мој град“ – гласат дел од коментарите.

На некои пак, им пречеше тоа што чевлите се од змиска кожа.

„Честитам на придонесот кон убивањето животни, и тоа за џабе“, „Можете да ја оставите змиската кожа онаму каде што припаѓа – на змијата”, искоментираа други двајца следачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...