Спире и Миле: Синопсис за филм на Брајан де Палма

Триесет години не прават ништо друго. Строго се концентрирани од Македонија да направат територија населена со лудаци и инфантилни будали. Случајот со Спире и Миле покажува дека имаат постигнато не мали успеси.

3089

Американскиот глумец Џаси Смолет, црнец и отворен хомосексуалец, кој тврдел дека бил жртва на расистички и хомофобен напад, обвинувајќи ги за тоа симпатизерите на претседателот Доналд Трамп, е притворен во четвртокот затоа што организирал лажен напад за да ја поттикне својата кариера. Смолет, една од ѕвездите на серијата „Империја“, се предал во пет сабајлето. Ден порано е обвинет за поднесување лажна пријава и во текот на денот ќе биде сослушан пред судот во Чикаго. Така тоа го прават Американците.
Случајот на Џаси и овој нашиот, со Спире и Миле, се разликува по тоа што нашите глумци веќе се во притвор и сакаат од таа позиција да ја бламираат државата како терористичка организација фатена за вратот со крвавите раце на Зоран Заев и по тоа што веројатно нема да бидат обвинети за лажна пријави. Но, и од нивниот случај може да се направи пристојно филмче. Затоа што крајната цел на завчерашниот оперетски спектакл исто така беше да се спасат нивните кариери односно нивната слобода и, особено, слободата на лудакот што ги остави да скапуваат по судниците и притворите, а тој отиде да ебе Маџарици во Будимпешта.
Еве го тој синопсис:
Прво, Спире му ја скршил раката на Милета со радијаторот што го откорнале од салонот за тајванска масажа во Шутка, а потоа, Миле, со нескршената рака, го турнал Спирета од прозорецот на триесет и првиот кат на притворската единица. Ги однеле во Градска и чекале да дојдат инфантилните квазиновинари и лидерот со телефонската секретарка во главата, која повторува: ако сакате да чуете глупост, стиснете „Мицко“, ако сакате да чуете супер глупост, стиснете „Мицко“ двапати, ако сакате да се спасите од „Мицко“, чекајте да ви се јави операторот на Јавното обвинителство!

Препорачлива терапија

Колку пати сме гледале филмчиња со вакви „досетки“ на затворениците. Сме гледале дури и како си стрелаат во нога. Затворениците во Бугарија во мое време јадеа залаци со леб нашибани со шпенагли за да можат да им се заглават во гркланите и да предизвикаат тешки повреди, поради кои службите мора да ги носат в болница каде условите за живот и шансите за бегство се поголеми.
Во вториот дел од филмот Спире и Миле добиваат меѓународни гаранции и заминуваат на безбедно издржување на притворот, без шлаканици, без скршеници, без анални и орални пенетрации, во објектите во кои Ердоган ги чува терористичките пучисти или, ако има празни места и неразмонтирана инфраструктура, во Гвантанамо. Со портокаловите маички на преродбата, демек по мерка, да не изгледаат како будисти со американските притворски дизајни.
Во третиот дел Мицковски го ангажира Тричковски да му истрела еден куршум во дебелото месо, му плаќа за услугата еден милион евра и се јавува во Брза помош и во неколку центри за заглупавување на народот како што се Сител Телма, Каналот број тој и тој и одржува прес-конференција. За „крвавиот Заев“, стискајќи го микрофонот со забите, додека Силјановска со голема пинцета за веѓи му го вади зрното од газот. Влатче му сипува виски во страничниот отвор на устата, додека Ванковска му ги брише крупните зрна пот од челото.
Триесет години не прават ништо друго. Строго се концентрирани од Македонија да направат територија населена со лудаци и инфантилни будали. И кога крадат и кога ѕидаат градови и села и кога подивуваат во Куманово и крај некои езера и кога вршат крвави пучеви, целта која е над непосредната цел е таа: сведување на нацијата на нејзината кретенска димензија.
Случајот со Спире и Миле покажува дека имаат постигнато не мали успеси. Еве да речеме дека навистина им биле бапнати по две шлаканици. Која друга нација, освен темелно кретенизираната, од шлаканиците или модринките или еве дури и скршениците на двајца обвинети за тероризам и милион други недела, би направила национална тема број еден? Па, тоа е работа на притворската управа и на самоуправните тела на притворениците во Шутка.
Да се разбереме: Државата треба да го обезбеди физичкиот интегритет на притворениците, но најмногу на тој план можат да сторат самите притвореници така што нема да даваат основи да бидат притворани. Малку е потешко со менталното здравје, ако им е навистина нарушено. Но, ако глумат дека се луди или повредени, еден добар ќотек е препорачлива терапија.

Сите ќе дојдат на ред

Но, прашањето е зошто би ги нападнале. И кој!? Зошто морале да бидат однесени во Шутка, па да бидат нападнати?! Затоа што целта не бил нивниот интегритет, туку интегритетот на Шутка како државна институција, односно интегритетот на државата, односно интегритетот на власта и на Заев лично.
Многу лошо говори за јавноста фактот дека се возбудува толку многу на толку банални провокации и инфантилности. Но, добро е што таа возбуда е испразнета од стариот политички набој, нема сила, луѓето ја посматраат како кога гледаат некои ријалитија. И затоа треба да се игнорира. Разнишаните државни институции да си ја вршат работата без пардон и без респект кон политичките провокации и умислени кловнови.
Не сум чул некој да рече дека злосторниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе лежат затвор. Макар овие од Првата ударна бригада на пљачката. Освен кога зборувам самиот со себе. Сите други првин викаат што не ги апсите, кога не ги апсат, а кога ќе ги приберат, викаат дека ќе ги пуштат! Се разбира дека на ред ќе дојдат и другите криминалци, но редот и тежината на злосторството налагаат прво да се ампутира канцерогеното ткиво на ВМРО-ДПМНЕ, со се главниот тумор од Будимпешта.
Мислите дека сум наивен, потплатен, инфантилен или глуп!? Бомо видли! Еве ви една ориентација што може да ви се чини неважна или дури смешна, но јас мислам дека треба да се сфати посериозно: Приоритет на хрватското претседавање со Европската унија во првата половина на 2020 година, ќе биде владеењето на правото во сите земји членки, изјави хрватскиот министер на правдата Бошњаковиќ, по средбата со Вера Јурова, европски комесар за правосудство. Која ја потврди таа ориентација како став и на Европската Унија, а со цел „да се зголеми довербата на граѓаните и на инвеститорите“. Се разбира дека тие ориентации ќе важат и за претендентите. Тоа е и критериум и за членство во НАТО.
Шуткарската мастурбација е дел од планот да се урнат основите во кои во Македонија ќе дојде до потемелна рехабилитација на правната држава во која злосторствата на организаторите на овие пучеви нема да можат да останат неказнети затоа што се премногу големи и јавни и очигледни, односно се докази на и за самите себе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...