Специјалци ги изнесуваат демонстрантите од зградата на РТС

1143

При 15. по ред протест „2 од пет милиони“ во Белград група демонстранти предводени од Движењето „Двери“ Бошко Обрадовиќ и еден од основачите на Сојузот за Србија Драган Ѓилас влезе вечерва во зградата на Радио телевизија Србија, барајќи да „ ја вратат РТС на народот“ и  директно да се вклучат во програмата.

Во зградата на РТС влегоа и полицајци и жандармеријата на МУП на Стрбија. По преговорите сапецијалците почнале да ги изнесуваат демонстрантите од зградата, јавува N1.

Граѓаните пред зградата на РТС негодуваат и извикуваат „Уапсете го Вучиќ“.

Фото: N1

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...