Претпладнево во 9,30 часот по средноевропско време во Мелбурн е закажано машкото финале на Австралија опен, a главни актери се Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Дуелот ќе биде 53 меѓусебен на Србинот и Шпанецот кои по 26 пат ќе играат за титула и по осми пат на гренслем турнирите.
Ѓоковиќ претпладнево ќе атакува по седми трофеј во Мелбурн во седмото финале. Надал, пак, е во блага предност во однос на моментно водечкиот на АТП листата кога во прашање се финалните натпревари на турнирите од големата четворка.
Шпанецот води со 4:3 и тоа е една од статистичките категории во кои е во водство во дуелите со српскиот ас.