Спасувањето на децата е времено запрено, на нуркачите им треба одмор 

Во спасувачката акција учествувале 90 нуркачи и тоа 50 од странство и 40 од Тајланд. Акцијата е прекината , бидејќи на нуркачите им треба одмор по исцрпувачкото извлекување на момчињата.

1000

Акцијата за спасување на момчињата од пештерата во Тајланд е запрена во наредните 10 часа.

Според гувернерот Наронгсак , кој зборуваше на прес конференција извлечени се четири момчиња и однесени во болницата во чанг Раи со хеликоптери и со амбулантни возила . Во спасувачката акција учествувале 90 нуркачи и тоа 50 од странство и 40 од Тајланд.

Акцијата е прекината , бидејќи на нуркачите им треба одмор по исцрпувачкото извлекување на момчињата. Децатта се во одлична кондиција , вели гувернерот . Најслабите биле извлечени први , а потоа има распоред за извлекување и на останатите .

Првото момче било извлечено во 17.40 часот по локално или во 10.40 часот по средноевропско време. Пред болницата , каде влезот го чуваат војници , се и родителите и најблиските на децата .

Австралискиот доктор , кој ги прегледал , а и нуркачите велат дека децата се во добра здравствена состојба , со оглед на фактот дека првите девет дена во поплавената пештера пиеле само вода.

Од целиот свет стигнуваат пофалби и благодарност за нуркачите и нивната храброст , особено откако пред два дена во пештерата се удави еден професионален нуркач од Тајван. Акцијата за спасување на останатите осум момчиња и нивниот тренер продолжува утре рано наутро по локално време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...