Спасовски: I’ll be back ВИДЕО

Спасовски на неговиот Фејсбук профил објави видео во кое одговара на 30 куси прашања, а на прашањето кој му е омилен политичар од опозицијата го посочи Митко Јанчев.

357

Ред, работа и дисциплина се трите збора со кои досегашниот министер за внатрешни работи и иден технички премиер Оливер Спасовски ја опиша работата во Министерството за внатрешни работи.

Спасовски на неговиот Фејсбук профил објави видео во кое одговара на 30 куси прашања, а на прашањето кој му е омилен политичар од опозицијата го посочи Митко Јанчев.

Најтешко во работата му било да го почитува протоколот и безбедносните мерки.

Од работата како прв човек на МВР најмногу е задоволен од безбедносните реформи, од реконструкцијата на 43 полициски објекти, од набавката на опрема и униформи за полициските службенкци и од зголемувањето на платите.

Тајна што никој не ја знае за него е дека зборува ромски јазик, а на 18 годишниот Оливер би му дал совет: Биди чесен тоа никој не може да ги го земе.

Има повеќе мерки кои ги презела оваа Влада на кои е горд, но го издвои решеавањето на проблемот со стејачците.

Нешто што би сакал, а не успеал да го оствари како министер за внатрешни работи е сите полициски станици да ги направи енергетски ефикасни.

Најдобра реплика од филм му е: I’ll be back, „Време за големи нешта“ е насловот што би го дал, ако неговиот живот биде филм, а најмногу ужива во друштвото со  неговите ќерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...