Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска се сретна со рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин.
Како што наведуваат од Кабинетот на премиерот, тој најпрво му предал писмо на амбасадорот со честитки до новоизбраниот руски премиер Михаил Машустин, со желби за успех во извршувањето на должноста и позитивни резултати кои ќе продонесат за натамошен сестран напредок на Русија и за благосостојба на пријателскиот руски народ.
Спасовски во писмото изразил уверување дека двете влади ќе продолжат да соработуваат на натамошно унапредување на односите и продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес.