Спасовски: Фокусирани сме на унапредување на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика

153

Нема сомнеж дека во последните неколку години, сајбер заканите се меѓу најзначајните безбедносни закани врз современите општества, што е основна причина истите да се третираат како интегрален дел од националната и меѓународната безбедност, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во обраќањето на меѓународната министерска Конференција  „Високотехнолошки криминал и информатичка безбедност“ што денес и утре се одржува во Белград а во организација на спрското министерство за внатрешни работи.

Презентирајќи ги активностите што македонската полиција, но и другите надлежни институции ги преземале и преземаат во оваа област, Спасовски посебно ги посочи нормативните промени целосно хармонизирани и во соработка со ЕУ, како и Националната страгија за сајбер безбедност 2018 – 2022 година, која што служи како патоказ за развој на сигурно, безбедно, доверливо и отпорно дигитално окружување, поддржано од квалитетни капацитети, кои се базираат на доверба и соработка во полето на сајбер безбедноста.

– Нашето министерство се фокусира на развивање на капацитетите за обезбедување на електронски докази и информации во електронска форма со цел поддршка на сите истраги кои што се водат во рамки на инстиуцијата – нагласи Спасовски, притоа посочувајќи го Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР како клучен во превенцијата и борбата против овие обици на криминал.

– Независно од низата меѓународни признанија за покажаната ефикасност и професионалност во водењето на истраги како на национално, така и на меѓународно нив, наша цел е континуирано унапредување на капацитетите на овој Сектор во насока на истражување на компјутерскиот криминал, дигиталната форензика – потенцираше Спасовски.

Република Македонија и Министерството за внатрешни работи продолжуваат да бидат активен дел од широкиот фронт заедно со нашите соседи и партнерските држави и посебно со ЕУ и нејзините институции, како наш стратешки партнер.

– Со цел постигнување на добри резултати во иднина, сметам дека е неопходно продолжување на соработката во сите наведени сегменти при што посебно ја нагласувам важноста на редовна размена на информации на национално и меѓународно ниво – рече Спасовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...