Спасовски: Усеини се однесува насилнички, сите да се бориме против криминалците, арамиите и бандитите

601

Полицијата презема мерки во врска со инцидентот што го предизвика охридскиот советник и бизнисмен Нефи Усеини, а по целосното комплетирање случајот ќе биде предаден до Обвинителството за натамошно постапување, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Тоа е состојба на човек кој се однесува крајно неодговорно, насилнички. Тој е повикан во полициска станица, земени се изјави, а се земаат изјави и од други сведоци очевидци на целиот настан и сите елементи што ќе бидат исполнети за кривично дело ќе бидат доставени до Јавното обвинителство – изјави Спасовски одговарајќи на новинарско прашање до каде е случајот со инцидентот направен од страна на Усеини.

Спасовски апелираше Јавното обвинителство да постапува и сите заедно, потенцира, да се спротивставиме на насилничко и незаконско однесување без разлика кој од каде доаѓа.

– Ако некогаш борбата беше во државата за слободен демократски свет и развој, сега е моментот да се бориме сите заедно чесни, одговорни правдољубиви луѓе против криминалците, арамиите и бандитите во државата. Останувам на тој став и ги повикувам сите граѓани заедно да се избориме затоа што ова е битката што не смееме да ја изгубиме – изјави миностерот Спасовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...