Спасовски: Судот донесе решение, веднаш ќе распишеме меѓународна потерница за Груевски

444

Судот го донесе решението за распишување на меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски и таа веднаш ќе биде распишана, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за телевизијата Канал 5.

Спасовски вели дека по ова ќе биде информирано Министерството за правда кое ќе почне процедура за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски.

Додека трае постпката за азил Унгарија нема да одговори на постапката за екстрадиција, вели Спасовски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...