Не знам дали има каков било заклучок и задолжение, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, прашан дали како потпретседател на Владата знае дали генералниот секретар Драги Рашковски бил задолжен да се вклучи во тендерот за системот М-НАВ и постои ли службена белешка за тоа.
– Знам дека на последната седница на Влада разговаравме во делот на извештајот за инцидентот што се случил во Македонската навигација. Донесени се соодветни заклучоци по кои треба да се постапува и во рамки на тоа сите овие прашања треба да се расчистат и благовремено да се информираа – појасни Спасовски.
Тој додаде дека има одредени пропусти во институцијата, а тоа, информира, го разговарале на затворена владина седница и врз основа на тоа се донесени заклучоци за кои, рече, сега јавно не може да говори.