Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ.
Од МВР информираа дека на средбата станало збор за актуелни теми од областа на безбедноста, како и за натамошната соработка меѓу двете министерства.
Партнерството и соработката со хрватското МВР и генерално со Република Хрватска, потенцирал министерот Спасовски, за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е од исклучително значење.
Министерот Спасовски му се заблагодарил на својот хрватски колега за помошта на хрватското МВР во заедничкото справување со миграциската криза, но и за сите последователни активности за еден заеднички регионален пристап во превенирањето и справувањето со миграциите и потенцијалните проблеми што тие ги носат.
Министерот Божиновиќ потенцирал дека Република Хрватска ќе и помогне на патот на Република Северна Македонија кон НАТО и ЕУ, а, во таа насока е и фактот дека за неколку дена оваа пријателска држава ќе го ратификува протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.
Работната средба се одржа во пресрет на отпочнувањето на дводневнатата министерска конференција од „Брдо процесот“, односно Третиот состанок на Управниот одбор на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ), што ќе се одржи утре и задутре во Скопје, а чиј домаќин е МВР