Спасовски: Полицајците во Шутка биле приватно, нема пријава за киднапирање

208

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека двајцата полицајци, кои вчера беа нападнати во Шутка, биле таму приватно по дојава на Фејсбук за наводни киднапирања на деца.

Спасовски вели дека во МВР нема пријава за киднапирање и очекува наскоро полицијата да излезе со конкретни информации во врска со нападот.

– Повредени се двајца полициски службеници кои во тој момент не биле на работа, туку приватно биле во општина Шуто Оризари по претходно дадена дојава дека се случуваат наводни киднапирања на деца во општината преку Фејсбук. Апсолутно досега нема таква пријава дека се случил таков настан. Очекувам многу скоро да излеземе конкретни информации и реакција во однос на луѓето кои учествувале во овој настан – изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција со вицепремиерите Радмила Шекеринска и Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров за Договорот од Преспа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...