Не станува збор за прислушување на Јавното обвинителстото како инситуција, или на судот, туку станува збор за можностите за снимање што ги нуди централата набавена во 2012 година, а истрагата на Јавното обвинитество ќе покаже дали имало злоупотреби, одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната седница на Собранието на која пратениците поставуваат прашања до министрите.
Прашањето кој прислушувал и кој ги користел материјалите во наводната афера за прислушувањето од 30 септември 2016 година, го постави пратеникот Антонио Милошоски.
Министерот додаде дека разговорите можеле да бидат снимани единствено со одобрение на тој што раководел со институцијата.
Спасовски, рече дека по првичните сознанија ги известил обвинителот и претседателот на Кривичниот суд дека постои можност за снимање на нивните локални телефони.
– Отворена е истрага, имало два хард диска, а има и дополнителни сознанија и наскоро ќе се знае зошто била направена таква набака и дали имало злоупотреби – рече Спасовски.