Спасовски: Нема да чекаме да се случи евентуална криза, менаџираме со миграциските предизвици

78

Сакам  да потенцирам дека овие средби се доста значајни бидејќи се во функција на превенција од нова криза која би можела да биде предизвикана од наплив на мигранти од ризичните подрачја од целиот свет. Пораката што денеска сакаме да ја упатиме е единствена –  нема да чекаме да се случи евентуална криза, овде сме за да дејствуваме со заеднички сили се со цел спречување, односно успешно менаџирање со миграциските предизвици.

Ова меѓу другото денес во Виена го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во својата изјава на прес конференцијата по завршувањето на министерската конференција „Миграциските предизвици долж Источно-Медитеранската/Западно балканска рута“, на која што во организација на австриското МВР, учествуваа министрите за внатрешни работи од повеќе земји членки на ЕУ како и министрите за внатрешни работи од земјите на западниот Балкан.

– Остануваме посветени во нашите заложби за безбедна Европа, во која секако и ние сме дел. Справувањето со овие процеси и сето она што го носи миграцијата, како што е организираниот криминал и тероризмот е можно само преку заеднички координиран пристап на сите држави. Особено од круцијално значење е размената на информации и правовременото преземање соодветни мерки, како и соработката на сите нивоа – оперативно, стратешки и политички – нагласи министерот Спасовски на прес конференцијата на која што беше презентирана и заедничката Декларација на министрите за внатрешни работи на земјите од западниот Балкан и на министирите на Бугарија,

Хрватска, Чешка, Данска, Германија, Грција, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Швајцарија, и земјата домаѓин – Австрија, а со која што се создаваат нови и конкретни предуслови за натамошна потесна политичка и оперативна соработката на земјите во превенирањето и спротивставувањето кон евентуалните мигрантски кризи и предизвиците што тие ги носат.

На состанокот се дискутираше и за недостатоците, потребите и плановите во областа на граничното управување, криминални мрежи, политиките за враќање, екстремизам и тероризам, како и потребните мерки што треба да се преземат против причините за илегална миграција.

Беше усвоена заедничка декларација според која државите изразија подготвеност блиску да соработуваат преку обезбедување на ефикасно управување со миграцијата и тесно координирани мерки преку соработка и проактивно планирање  во вонредни ситуации.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...