Спасовски му вети на Тимоние: И техничката Влада ќе се фокусира на реформите

324

Претседателот на техничката Влада, Оливер Спасовски, денеска се сретна со францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние.

На средбата, Спасовски го убедуваше Тимоние дека земјава постигнала многу на домашен и на меѓународен план и дека се движи во вистинската насока во однос на интеграциите. Тој исто така посочи дека и техничката Влада ќе продолжи да се фокусира на реформските процеси.

– Владата ќе работи динамично. Посветени сме да продолжи напредокот во сите можни сегменти. Нашата определба се функционални институции, активно вклучени во реформските процеси, во интерес на сите граѓани и на интеграциските процеси на државата. Покажавме дека договореното се почитува, преодната Влада беше формирана согласно политичкиот договор, како и законските и уставните услови, без никакви проблеми и ова е доказ дека нашиот политички и институционален систем функционира добро. Ќе продолжиме со политиките на дијалог што придонесуваат кон добра клима во државата. Општите и државните интереси мора да бидат во прв план кај сите политички субјекти. Новата 2020 година е значајна година за граѓаните на нашата држава, поради остварувањето на полноправното членство во НАТО, но подеднакво важни за нас се и европските интеграции. Очекуваме дека 2020 година ќе го направиме најдоброто во пријателството помеѓу нашите две држави и дека тоа ќе функционира на високо ниво – рече Спасовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...